Wednesday, November 11, 2015

Црвена леќа

Црвената леќа е протеинска бомба која помага при анемија и за намалување на телесната тежина.


 Содржи неверојатни 26 гр. протеини на 100 гр. намирница. Богата е со квалитетни сложени јаглени хидрати и растителни влакна кои дел се растворливи и го намалуваат холестеролот, а дел се нерастворливи и го подобруваат варењето на храната а ги успоруваат брзите јаглени хидрати со што се потпомага намалувањето на телесната тежина.

Црвената леќа има низок гликемиски индекс од само 29, што е многу поволно, а содржи само еден грам  масти и тоа корисни - омега 3 и 6 масни киселини.

Од минералите особено е богата со железо, магнезиум и молибден, а од витамини содржи најмногу фолна киселина.
Заради тоа црвената леќа особено се препорачува во исхраната на луѓе со анемија и за спортисти изложени на поголем физички напор.


По својот состав црвената леќа е доста поквалитетна од другите житарки, а доста лесно и едноставно се приготвува. Кратко се вари, околу 15 минути, и брзо се распаѓа па е особено прикладна ако сакате оброк во вид на пире.

Се препорачува да се комбинира со некоја друга житарка за да се надополни аминокиселинскиот состав и да се добие богатство на квалитетни аминокиселини.

Friday, November 6, 2015

Зеолит при хемотерапија

Зеолитот ги ублажува и отстранува негативните нуспојави од хемотерапијата и радиотерапијата. Овозможува полесно поднесување на хемотерапијата и ја поправа општата состојба на пациентот.

 Зеолитот се препорачува да се зема со хемотерапијата или зрачењето, затоа што значително допринесува при намалување на тегобите кои ги предизвикуваат овие терапии и на заболените им овозможува полесно заздравување. Клиничките испитувања покажале дека зеолитот ја намалува потребата од аналгетици и наркотици и допринесува за намалување и елиминирање на течноста од стомачната шуплина (ascites ). Се нормализира нивото на седиментација, се зголемува нивото на железо во крвта и бројот на крвните келии. Особено брзо се нормализира LDH, и се зголемува дифузискиот капацитет на белите дробови како и контрактноста на срцевиот мускул. Генерално се унапредува здравјето на пациентот. Зеолитот ги ублажува нуспојавите од хемотерапијата и радиотерапијата, на пр. повраќање, мачнина, губење на апетит итн.


Исчезнуваат габичките во устата, кои се честа појава при хемотерапија. Видно се подобрува општата состојба на заболените кои добиваат на тежина и во поголем број на случаи имаат потреба за јадење. Во поголем дел исчезнува депресијата, несоницата, потребата за јадење. Исто така допринесува за елиминирање на габичните заболувања на кожата, слузокожата или внатрешните органи кои можат да настанат како последица од радиотерапијата..

Wednesday, November 4, 2015

Здравје од чаша - smoothie

Smoothie со авокадо, јаболко и пченични никулци

Состав:

  • 1 авокадо
  • 2 јаболка
  • 1 кафена лажичка пченични никулци
  • 2 чаши напиток од ориз и бадем
  • 2 кафени лажички гоџи бобинки
  • 1 сува урма без семки
  • 2 супени лажици наут во зрно
  • прстофат зачин каранфилче
Подготовка:

Авокадото и јаболката се лупат. Наутот се кисне 12 часа пред подготовката. Сите состојки се ставаат во силен блендер. На крајот се додава напитокот и се блендира уште малку за се убаво да се соедини.


Зеленчуково smoothie

Состав:

  • 3 моркови
  • 3 домати
  • 4-5 листа свеж босилек
  • мало парче ѓумбир
  • прстофат оригано
  • прстофат лук во прав
  • 1 кафено лажиче ладно цедено масло од семки од тиква


Подготовка:

Состојките се ставаат во силен блендер и се блендираат додека не се добие кашеста хомогена смеса.

Кардио smoothie


Состав:


  • 1 шоља капини
  • 1 голема лажица сусамово масло
  • 1 шоља млеко
  • 1 шоља јогурт


Разубавете ја кожата

Состав:


  • 1 голема лажица ленено семе ( сомелено )
  • 1 авокадо 
  • 1/2 шоља малини
  • 1/2 шоља капини
  • 1 шоља цреши
  • 1 шоља јогурт
  • мраз по желба


Smoothie со ананас, банана и спанаќ

Состав:


  • 1/2 ананас
  • 1 шоља сварен спанаќ
  • 1 банана
  • 1 шоља млеко






Saturday, October 31, 2015

Спирулина




Спирулината е тип на сино зелена алга која природно расте во океаните и солените езера во субтропската климатска зона.
Спирулината е бесмртен организам кој се обновува себеси 3 милијарди години.
Со својот состав и широк спектар на хранливи материи ги воодушевува нутриционистите ширум светот. Во спирулината има преку 4000 хранливи состојки од витално значење за човекот.

Протеини и амино киселини

Спирулината има највисока застапеност на протеини од било која друга храна. Содржи околу 65 % комплетни протеини. "Комплетен протеин" значи дека ги содржи сите  есенцијални и неесенцијални аминокиселини кои што му се потребни на нашето тело за да напредува. Овие протеини се концентрирани и лесно сварливи и не содржат холестерол.

Спирулината ги содржи потребните Омега 3 и 6  есенцијални масни киселини, како и гама линолеинската киселина која во таа форма ја има единствено во мајчиното млеко и помага за развојот на доенчињата и за правилна работа на срцето.

Витамини

Спирулината содржи цел спектар на витамини. Во голема количина содржи  бета- каротен кој е провитамин на витаминот А . Бета- каротенот во спирулината го има 25 пати повеќе отколку во суровиот морковот. Природните облици на провитамин А се многу поквалитетни, полесно сварливи за телото и со самото тоа поискористливи за разлика од синтетичките препарати.
Бета- каротенот е природен антиоксиданс кој штити од малигни, од срцеви заболувања, го зајакнува имунитетот, го намалува нивото на холестерол во крвта. Употребата на бета-каротинот се препорачува наместо витамин А бидејќи не постои опасност од акумулација и предозирање.
Спирулината содржи големо количество на витамин Б 12 кој скоро никогаш го нема во растенијата а е неопходен за оформување на црвени крвни зрнца.
Во спирулината ги има и витамините Б 1, Б 2, Б 3, Б 5, Б 6, Б 7, Б 9, Ц, К, Д, Е.


Минерали

Додека расте, спирулината ги апсорбира скоро сите минерали есенцијални за човечкиот организам. Особено е богата со железо кое го има 50 пати повеќе отколку во спанаќот. Содржи и калциум, цинк, селен, магнезиум и фосфор.

Пигменти

Во спирулината има фикоцианин-сино обоен пигмент кој не може да се најде во ниту едно друго растение. Фикоцианинот апсорбира многу сончева светлина. Овој пигмент е силен антиоксиданс. Ги заштитува клетките на црниот дроб и помага во процесот на детоксикација.
Спирулината во изобилство има хлорофил кој е одличен прочистувач на крвта и кој се нарекува " зелена крв " заради сличниот состав со хемоглобинот од крвта.

Ензими

Спирулината содржи голем број на ензими меѓу кои и исклучително реткиот superoxide dismutase -СОД. Ова е ензим кој ги подржува важните процеси на телесните клетки и ги штити од слободните радикали.

Спирулината е алкална храна и ја одржува идеалната Ph вредност на организмот.

Спирулината има широка примена и делува на повеќе начини врз човечкиот организам и неговото здравје:

  • Го зајакнува имуниот систем, ја зголемува издржливоста и отпорноста на организмот
  • Помага при анемија
  • Помага при регулирање на телесната тежина
  • Ја подобрува работата на срцето, го регулира холестеролот и крвниот притисок
  • Го подобрува варењето на храната и работата на дигестивниот систем и ја обновува цревната флора
  • Ја зголемува менталната енергија и ја подобрува работата на мозокот
  • Го подмладува организмот и го успорува стареењето
  • Се применува при менструални проблеми, проблеми со жолчката, црниот дроб, тврда столица, артритис.
Спирулината им се препорачува и на :

- Спортисти на кои им е потребна поголема физичка енергија и издржливост
- На луѓе на кои им е потребно прочистување на организмот од токсини, тешки метали, алкохол, пушење и преголема употреба на лекови
- На бремени жени кои имаат зголемена потреба од протеини и железо
- На лица со анемија поради подобрување на крвната слика

Friday, October 23, 2015

Јачменова и пченична трева - зелена супер храна

Зелената супер храна има највисоки концентрации лесно сварливи хранливи материи, витамини и минерали кои го штитат и лечат телото.

Пиењето на сок од млади зелени житарици  претставува силно детоксикациско средство и извор на антиоксиданси, со што телото може да се заштити од многуте болести кои денес постојат.

Растенијата се збираат додека се млади, кога се високи 10 - 15 см, за оптимално да се искористат нутриентите кои од лисјата преминуваат во зрната. Потоа се прави екстракција и сушење и настанува зелен прав.
Кога растат во органски услови, листовите од млади зелени житарици задржуваат 82 до 92 минерали присутни во земјата , а се проценува дека 1 лажичка прашок од зелената супер храна ( 3 гр ) содржи иста количина на хранливи материи како и половина килограм на органски одгледувани овошје и зеленчук.

ЈАЧМЕНОВА ТРЕВА

Јачменовата трева ги содржи сите познати минерални елементи и е богата со калциум, магнезиум, фосфор, железо, калиум, сулфур, натриум, кобалт и цинк.

Содржи:

5 x повеќе железо од спанаќот
7 x повеќе вит Ц од портокалите
10 x повеќе бета каротен од морковот
11 x повеќе калциум од млекото
30 x повеќе вит. Б1 од млекото

Позитивно влијае на организмот така што:

- го зајакнува имунитетот
- го зголемува бројот на црвени крвни зрнца и ја лекува слабокрвноста
- помага при алергии зошто има антихистаминско дејство
- го намалува високиот крвен притисок
- ја стимулира тироидната жлезда
- моќен детоксификатор и заштитник на црниот дроб
- ги уништува тумор клетките
- го чисти телото од отрови
- ги намалува стомачните болки и проблемите со желудникот
- ја балансира Ph вредноста на телото
- го намалува холестеролот во крвта
- помага при артритис

ПЧЕНИЧНА ТРЕВА

Околу 70 % од содржината на пченичната трева е хлорофил. Хлорофилот е скоро идентичен со хемоглобинот во крвта. Поради оваа сличност, човековото тело лесно може да го трансформира хлорофилот во хемоглобин, зголемувајки го бројот на црвените крвни зрнца. Затоа пченичната трева се препорачува во борбата против анемија ( слабокрвност ).
Поголема количина на хемоглобин во крвотокот значи крв богата со кислород кој е прв и најважен елемент потребен за правилна функција на сите клетки.

Пченичната трева содржи преку 100 елементи кои му се потребни на човекот, меѓу кои се и   важни есенцијални масни киселини,  ензими и антиоксиданси.
Лисјата на младата пченица содржат вит. А,  Ц, Б,Б 17, вит. Е, Ф и вит. К и минерали кои се наоѓаат во почвата вклучувајќи калциум, магнезиум, кобалт, железо, цинк, калиум и фосфор.
 Специфичниот нутритивен состав на листовите на младата пченица обезбедува корисни ефекти врз кожата, косата и ноктите. Се смета дека има антиканцероген и детоксификациски ефект. Корисна е за варењето, превенција на болести на срцето и крвните садови.

За разлика од целото семе пченичната трева не содржи глутен или некои слични алергиски провокатори.
Многу е алкална и е одлична за подобрување на здравјето на крвта.
Ја нормализира функцијата на тироидната жлезда и го стимулира метаболизмот.
Покрај тоа пченичната трева помага за лачење на млеко кај доилките.



Начин на употреба:

Вкусот  во почетокот може да ви изгледа необично, па препорачливо е младите житарици  да се комбинираат  со некои други овошја или сок од зеленчук. Особено добро одат со сок од јаболко.Се почнува со една кафена лажичка на ден, а потоа постепено се зголемува на две кафени лажички на ден.

Wednesday, October 21, 2015

Перуанска мака

Маката ( Lepidium meyenii ) е корен сличен на ротквица кој расте на високите планини во Перу, на надморска висина преку 4000 м.

Првите записи за употребата на маката потекнуваат од пред 2000 години. Маката ја употребувале старите цивилизации не само за исхрана туку и за медицински цели. Била важна состојка во исхраната поради тоа што е богата со шеќери и протеини. Содржи 60 % јаглени хидрати, 10 % протеини, 8,5 % диетални влакна и 2,2 % масти. Сушената мака е богата со есенцијални елементи - јод, железо, калиум, магнезиум, алкалоиди - макаиди и макаени кои ги има само во маката.

Единствените алкалоиди макаиди и макаени се одговорни  за правилна функција на ендокриниот систем, што значи дека се одговорни за правилна работа на сите хормони во организмот. Одтука потекнува влијанието на маката на сите дисбаланси на ендокрините жлезди во телото, пред се половите, тироидните и надбубрежните хормони.

Маката содржи и стероли и аминокиселини кои влијаат на зголемување на енергијата, менталната и физичка сила, издржливост, либидо, плодност, потентност и зачувување на виталноста на сите органи кај човекот.


За време на империјата на Инките, легендите зборуваат дека воините конзумирале големи количини на мака пред тргнување во војна што ги правело снажни и издржливи. Но после победата им било забрането користење на маката за да се заштити женската популација од нивните моќни сексуални импулси.
Така маката ја добила репутацијата на магична билка која дава енергија, ја зголемува силата, го зголемува либидото и плодноста.

Златната мака со својот единствен состав спаѓа во групата на најефикасни адаптогени. Адаптогени се нетоксични растенија кои многу ефикасно влијаат на здравјето на луѓето, посебно кога станува збор за намалување на стресот. Едноставно речено адаптогените му помагаат на организмот на човекот да се прилагоди на стресно опкружување.

Правот од коренот на мака е најпознат природен балансер на хормоните. Иако најмногу ефекти има на дисфункцијата на половите хормони ( при пмс, менопауза, неплодност, импотенција, намалено либидо, зголемена простата ), правот на маката позитивно делува и при проблеми со тироидната жлезда, дијабетес, дебелина, остеопороза, депресија, умор, несоница, раздразливост.


Важно е да се знае дека маката има ефикасно дејство за воспоставување на добра периферна циркулација и добра работа на целиот кардиоваскуларен систем.

Маката има способност да му даде на организмот онолку енергија колку што му е потребно за правилно функционирање. Затоа ја земаат и спортистите како најефикасно природно средство за зачувување на физичката спремност при зголемени физички активности.

Консумирањето на мака помага при:

Кај мажите:

- ја зголемува физичката издржливост и енергијата
- го зголемува либидото и потенцијата
- помага во создавање на мускулна маса на природен начин
- помага кај појава на акни и останати проблеми со кожата
- го покачува нивото на тестостерон
- ја подобрува ерекцијата
- го зголемува траењето на ерекцијата
- помага при импотенција
- го зголемува бројот и покретливоста на сперматозоидите
- ги ублажува симптомите на андропаузата

Кај жените:

- маката е природна замена за хормонална терапија
- ги отстранува симптомите на ПМС
- намалува менструални болки
- регулира неуредни менструации
- помага кај појавата на акни заради хормонална дисфункција
- ги отстранува симптомите на менопаузата
- спречува вагинална сувост
- го зголемува сексуалниот нагон
- ја зголемува плодноста

Начин на употреба:

Најдобро е да почнете со половина лажичка мака во прав на ден. Останете на таа доза додека не поминат ефектите на зголемена енергија и појава на симптоми на детоксикација. По поминувањето на симптомите зголемете ја дозата на една лажичка на ден.Маката се раствора во чаша со вода или природен сок.Не се препорачува растворање во млечен и топол напиток. При редовно земање на мака треба да се направи пауза од една недела секој месец ( жените ја прават паузата за време на менструалниот циклус )
Маката не се препорачува за бремени жени и доилки како и кај деца под 14 години.

Wednesday, October 7, 2015

Рецепт за кремасто smoothie од банана и авокадо

Состојки:

(употребувајте органски продукти секогаш кога можете)

- 2 банани
- 1/2 излупено авокадо
- 1 1/2 шоља бадемово млеко ( или кое било друго млеко )
- 1/2 -1 лажичка цимет
- 1 лажичка мед
- 1 лажичка чиа семе
- 1 лажичка поленов прав
- неколку коцки мраз

Подготовка:
Ставете ги сите состојки во блендер. Блендирајте на највисока брзина половина до една минута додека не се добие кремаста конзистенција. Уживајте.

prevzemeno od http://www.foodmatters.tv/