Спирулината е бесмртен организам кој се обновува себеси 3 милијарди години.
Со својот состав и широк спектар на хранливи материи ги воодушевува нутриционистите ширум светот. Во спирулината има преку 4000 хранливи состојки од витално значење за човекот.
Протеини и амино киселини
Спирулината има највисока застапеност на протеини од било која друга храна. Содржи околу 65 % комплетни протеини. "Комплетен протеин" значи дека ги содржи сите есенцијални и неесенцијални аминокиселини кои што му се потребни на нашето тело за да напредува. Овие протеини се концентрирани и лесно сварливи и не содржат холестерол.
Спирулината ги содржи потребните Омега 3 и 6 есенцијални масни киселини, како и гама линолеинската киселина која во таа форма ја има единствено во мајчиното млеко и помага за развојот на доенчињата и за правилна работа на срцето.
Витамини
Спирулината содржи цел спектар на витамини. Во голема количина содржи бета- каротен кој е провитамин на витаминот А . Бета- каротенот во спирулината го има 25 пати повеќе отколку во суровиот морковот. Природните облици на провитамин А се многу поквалитетни, полесно сварливи за телото и со самото тоа поискористливи за разлика од синтетичките препарати.
Бета- каротенот е природен антиоксиданс кој штити од малигни, од срцеви заболувања, го зајакнува имунитетот, го намалува нивото на холестерол во крвта. Употребата на бета-каротинот се препорачува наместо витамин А бидејќи не постои опасност од акумулација и предозирање.
Спирулината содржи големо количество на витамин Б 12 кој скоро никогаш го нема во растенијата а е неопходен за оформување на црвени крвни зрнца.
Во спирулината ги има и витамините Б 1, Б 2, Б 3, Б 5, Б 6, Б 7, Б 9, Ц, К, Д, Е.
Минерали
Додека расте, спирулината ги апсорбира скоро сите минерали есенцијални за човечкиот организам. Особено е богата со железо кое го има 50 пати повеќе отколку во спанаќот. Содржи и калциум, цинк, селен, магнезиум и фосфор.
Пигменти
Во спирулината има фикоцианин-сино обоен пигмент кој не може да се најде во ниту едно друго растение. Фикоцианинот апсорбира многу сончева светлина. Овој пигмент е силен антиоксиданс. Ги заштитува клетките на црниот дроб и помага во процесот на детоксикација.
Спирулината во изобилство има хлорофил кој е одличен прочистувач на крвта и кој се нарекува " зелена крв " заради сличниот состав со хемоглобинот од крвта.
Ензими
Спирулината содржи голем број на ензими меѓу кои и исклучително реткиот superoxide dismutase -СОД. Ова е ензим кој ги подржува важните процеси на телесните клетки и ги штити од слободните радикали.
Спирулината е алкална храна и ја одржува идеалната Ph вредност на организмот.
Спирулината има широка примена и делува на повеќе начини врз човечкиот организам и неговото здравје:
- Го зајакнува имуниот систем, ја зголемува издржливоста и отпорноста на организмот
- Помага при анемија
- Помага при регулирање на телесната тежина
- Ја подобрува работата на срцето, го регулира холестеролот и крвниот притисок
- Го подобрува варењето на храната и работата на дигестивниот систем и ја обновува цревната флора
- Ја зголемува менталната енергија и ја подобрува работата на мозокот
- Го подмладува организмот и го успорува стареењето
- Се применува при менструални проблеми, проблеми со жолчката, црниот дроб, тврда столица, артритис.
- Спортисти на кои им е потребна поголема физичка енергија и издржливост
- На луѓе на кои им е потребно прочистување на организмот од токсини, тешки метали, алкохол, пушење и преголема употреба на лекови
- На бремени жени кои имаат зголемена потреба од протеини и железо
- На лица со анемија поради подобрување на крвната слика


No comments:
Post a Comment