Monday, September 28, 2015

Зајакнете го имунитетот пред сезоната на грип и настинки

За припрема на овој рецепт, потребни ви се :

- пакување поленов прав ( измелен )
- мала тегла матичен млеч
- тегла сусамов таан
- 3 лимони
- 200 гр. мелени лешници
- 100 гр. семе од коприва
- 200 гр. мелени ореви
- 200 гр. мелени бадеми
- тегла мед

Сите продукти можете да ги најдете во било која продавница за здрава храна.

Сите овие состојки се мешаат во поголем сад.Доколку лимоните не се органски, најдобро е да се искористи само сокот.Мешањето на состојките треба да е со дрвена или пластична лажица.
Добиената смеса се претура во стаклени тегли завиткани со алуминиумска фолија. Најдобро е теглите да се чуваат во фрижидер.
Се зема секој ден по една лажица од смесата.Лажицата не треба да е метална. Користете дрвена или пластична лажица.

Thursday, September 24, 2015

Лековити својства на ѓумбирот

Ѓумбирот е растение кое расте длабоко под земјата и разгранува корени кои може да се јадат.
Потекнува од јужниот дел на Азија и се одгледува повеќе од 3000 години. Спаѓа во најскапите, најбараните и најмногу користени ароматични растенија. Неговата цена е повисока заради долгиот процес на зреење ( 5-9 месеци ) Ѓумбирот илјадници години се користел како зачин и лек.
 Ова лековито растение во себе содржи протеини, етерични масла, вит. Ц, калиум, калциум, магнезиум, фосфор,железо, манган, фолна киселина, вит. Б .

Коренот од ѓумбирот може да се користи свеж или сушен, но и во вид на прав. Од ѓумбирот исто може да се припремат и разни тинктури, масла и чаеви.

Ѓумбирот е многу добар антиоксиданс, а има и антибактериско, антивирусно, седативно и антипиретичко дејство.

Ѓумбирот помага во намалување на високиот холестерол.
Позитивно влијае на обновување на цревната флора и ја намалува подуеноста на стомакот.
Ја подобрува циркулацијата на крвта а со тоа го намалува ризикот од заболувања на срцето и крвните садови, како и ризикот од срцев и мозочен удар.
Силната главоболка и мигрената може да се ублажат со грицкање на неколку тенки парчиња свеж ѓумбир.
Свежо приготвениот чај од ѓумбир ја намалува напнатоста и стресот, ја зголемува енергијата и будноста. Поради ова чајот од ѓумбир не се препорачува да се пие навечер пред спиење заради тоа што може да доведе до несоница.
Ако се користи редовно, го намалува хроничниот умор, го подобрува памтењето и го подобрува имунитетот.

Ѓумбирот исто така се користи како превентива против настинка, против воспаленија и за смирување на кашлица.
 Во вид на облога се користи против грчеви, ја намалува болката при мускулни и коскени проблеми.
Испитувањата покажале дека користењето на ѓумбир го забавува растот на канцерогените клетки и помага во ублажување на последиците од хемотерапија како гадење и повраќање.

Ја стимулира функцијата на црниот дроб и е одличен за детоксикација на телото.

Стандардната дневна доза на ѓумбир во прав е до 4 гр. а се зема во 2-4 дози.

Неизлупениот ѓумбир може да се чува во фрижидер замотан во хартија и ставен во пластична кеса до 3 недели, а излупен може да се замрзне и да се користи до 6 месеци.

Ѓумбирот во прав треба да се чува во добро затворено стаклено шише на темно, суво и ладно место.

Tuesday, September 22, 2015

Појадок кој го препорачуваат нутриционистите

За припрема на овој појадок потребно е:

- 300 мл немасен јогурт ( може и кефир )
- 2 лажици овесни снегулки
- 1 лажица сомелено ленено семе ( или чиа семе )
- 1 лажица 100 % какао
- 6-7 суви сливи

Појадокот се спрема навечер за наредното утро.

Прво измиените суви сливи се преливаат со зовриена вода и се оставаат 5-10 мин да набабрат.
За тоа време во еден сад се ставаат овесните снегулки, какаото и лененото семе и се мешаат. Се преливаат со јогуртот и се убаво се меша. Набабрените суви сливи се сецкаат и се додаваат во смесата.Се промешува и садот се остава во фрижидер. Појадокот се консумира наредното утро. По желба може да се нароси и со малку цимет.

Ова е еден од најздравите појадоци, кој содржи витамини и минерали за нормализирање на метаболизмот, за зајакнување на организмот и за подобар изглед на кожата и косата.
Доколку се користи секое утро како појадок, помага во елиминација на токсините и ги чисти цревата. Го решава проблемот со мрзливи црева и опстипација и помага во губењето на вишок килограми.

Покрај здравствените придобивки, овој појадок е и многу вкусен.

Friday, September 18, 2015

Домашна крема за лице со кокосово масло

За да ја припремите ова крема за лице потребни ви се само 3 состојки:

- 1/2 филџан ладно цедено кокосово масло
- 1 лажичка течен вит. Е
- 5-7 капки етерично масло од лаванда ( или по избор )

Едноставно измешајте ги сите три состојки во еден сад. Кокосовото масло на собна температура е во течна состојба, така да мешањето на состојките е едноставно. Префрлете ја добиената смеса во мал стаклен сад и чувајте ја подалеку од директен извор на топлина и светлина. Доволно е да користите само мала количина од овој крем наутро и навечер.

Витаминот Е, како антиоксиданс, има многу важна улога за здравјето на кожата. Заштитува од UV зраците, загадувањето и другите појави кои доведуваат до оштетување на кожата. Витаминот Е прави кожата да изгледа помазна и помлада. Го забрзува и процесот на заздравување од изгореници. Заради ова, тој е главна состојка во многу козметички производи против стареење на кожата.

Кокосовото масло одговара за сите типови на кожа, вклучувајќи и сува и распукана кожа. Го забавува стареењето и опуштањето на кожата како и појавата на брчки. Помага и во лекувањето на разни кожни болести, вклучувајќи и псоријаза, дерматит, егзема и други кожни инфекции. Кокосовото масло е природен антиоксиданс со значително антивирусно и антибактериско дејство.
Кокосовото масло дава природна заштита од сонцето. Создава заштитна бариера против влијанието на околината а е доволно нежно и сигурно за бебињата и децата.

Wednesday, September 16, 2015

Примена на кокосовото масло во природната козметика

За подмладување на кожата на лицето, негувана коса и тело и за спречување на брчките потребен ви е само еден природен препарат.

Органското, ладно цедено кокосово масло може да ги замени скапите препарати за нега на кожата и косата.

- За спречување на појавата на брчки користете неколку капки кокосово масло кои нежно ќе ги натапкате на кожата под очите

- Кокосовото масло може да послужи и како регенератор за коса. Размачкајте го маслото на дланките и поминете со прстите низ косата од коренот до врвовите. Соберете ја косата и покријте ја со капа за туширање. После половина час измијте ја косата со шампон.

- Неколку капки од ова масло може да ја смири "немирната" коса. Размачкајте од маслото на прстите и со нив поминете ги врвовите од косата.

- Искористете го кокосовото масло за вадење на шминката од лицето. Размачкајте малку од маслото на лицето и со помош на вата исчистете ја шминката.

- Наместо лосион за тело, употребете кокосово масло за хидратација. Потребно е да го нанесете во многу тенок слој.

- Може да употребите кокосово масло наместо крем за бричење.Со помош на маслото ќе ја спречите иритацијата на кожата после бричењето.

Избелете ги забите и уништете ги бактериите во устата со помош на кокосово масло. Земете 2 лажички од маслото и ставете ги во устата.Промучкајте го маслото низ устата и држете го во уста 5 минути а потоа исплукајте го.Со оваа метода се помага лекувањето на гингивитот, афтите и се избелуваат забите.

- Користете го како хидрантна крема за усните.

- Кокосово масло измешано со сода бикарбона може да се користи како природен антиперспирант.

Monday, September 14, 2015

Кокосово масло

Со години се сметало дека внесувањето на масти е штетно за организмот. Луѓето ги прифатиле нискомасните диети, а мастите асоцирале на пржена храна и лошо здравје. Мастите исто така се сметале и за непријатели на нега на кожата. Масната кожа се поврзувала со акни, па луѓето избегнувале користење на масла за нега на кожата со цел да се избегне појавата на акни.Меѓутоа постојат масла кои се здрави за внатрешна и надворешна употреба. Едно од тие масла е и кокосовото масло.


Кокосовото масло екстрахирано од свеж кокос, наместо вообичаените масни киселини со долг ланец, содржи дури до 70 - 85 %  масни киселини со среден ланец. Карактеристика на овие масни киселини е тоа што тие не се складираат во масно ткиво, туку директно преминуваат во црниот дроб и се претвораат во енергија. Заради таа карактеристика кокосовото масло го преферираат луѓето кои пазат на својата линија и ова масло се рекламира како чувар на витката линија.

Средноланчаните масни киселини брзо се апсорбираат во тенкото црево поради што се лесно сварливи и погодни за особи кои имаат проблеми со варењето на храната и метаболички болести.

 Овие масни киселини имаат способност да делуваат против бактерии, вируси и габички.

Бројните истражувања покажале дека кокосовото масло има не само антивирусно и антибактериско дејство туку и антиканцерогено. Се користи и како помош при лечење на низа заболувања :

 - кожни болести и рани
 - артритис и реума
 - опаѓање на косата
 - болести на гингивата
 - цревни паразити
 - вирусни, бактериски и габични инфекции
 - дијабет
 - ослабен имунитет
 - хроничен умор
 - мигрена
 - депресија
 - ослабена концентрација и памтење
 - паркинсонова болест
 - намалување на холестеролот

Кокосовото масло на пазарот може да се најде како рафинирано и нерафинирано. Постои и трет хидрогениран облик кој треба да се избегнува во исхраната заради присуството на транс масни киселини кои се создаваат во процесот на хидрогенација.

Најквалитетно е нерафинираното ладно цедено кокосово масло.

Кокосовото масло исто како и другите масла може да се користи за пржење и печење на зеленчук, месо и риба, но во припремената храна присутен е вкусот на кокос. Исто така кокосовото масло може да се искористи при припремање на колачи наместо путер и маргарин, а со него може да се збогати и утринската овесна каша или некое овошно smoothie.

Saturday, September 12, 2015

Направете сами здрави чоколадни коцки

За да направите здраво и вкусно чоколадо дома, потребни ви се:



- 1/2 шоља органско кокосово масло
- 6 лажици 100 % какао
- 2 лажици екстракт од ванила
- прстофат хималајска сол
- 2 лажици стевија


Кокосовото масло на собна температура е во течна состојба.

 Во садот со кокосово масло додадете ги и другите состојки и добро промешајте додека не се добие хомогена смеса.
Добиената смеса турете ја во силиконски калап за мраз и ставете ја во замрзнувач. После петнаесетина минути домашното чоколадото е готово. Уживајте...

Thursday, September 10, 2015

Какао

Какаото е дрвенесто растение кое расти од 4-8 метри во височина со потекло од тропските делови на Америка. Плодот на какаото содржи 30 - 45 зрна од кои, кога ќе созреат, се екстрахира какаово масло, а со нивно мелење се добива какаов прав.

Какаото претставува "супер храна" и се смета дека е едно од чудата на природата.

Какаото содржи поголема концентрација на антиоксиданси од било која друга храна.
Суровото зрно на какаото содржи 14 пати повеќе антиоксиданси од црвеното вино и 21 пат повеќе од зелениот чај.

Исто така содржи голема количина на магнезиум, и значителна количина на железо, бакар, цинк, манган, фосфор, калиум, калциум, омега 6 и други есенцијални масни киселини.

Заради ова, консумирањето на какао има значителни бенефиции за човековото здравје.

Поради високото присуство на флавоноиди, силни антиоксиданси, какаото помага во превенција на срцевите заболувања.
Ги обновува крвните жили и ја одржува нивната функција.
Лицата кои пијат 2 пати дневно какао, го намалуваат систоличкиот крвен притисок, кој е и еден од главните виновници за инфаркт и срцеви заболувања.
Со помош на какаото може да се ослободите и од мигрената.

Одличен извор е на железо, а покрај тоа го регулира и нивото на холестерол и шеќер во организмот.
Го поттикнува помнењето и ја подобрува концентрацијата. Американските истражувања покажуваат дека редовното консумирање какао, ја забрзува циркулацијата и дотурот на крв во мозокот, со што се спречува деменцијата и опасноста од мозочен удар.
Какаото е познато како билка која го намалува стресот и депресијата.
Ја омекнува кожата и со тоа го успорува процесот на стареење.
Покрај тоа, какаото е и силен афродизијак.

Сепак, не секое какао се произведува еднакво.Повеќето производи на какао прав кои се продаваат во нашите продавници содржат од 5 - 20 % какао, а останатото е шеќер и адитиви.



Суровото какао содржи максимално количество на нутритивни вредности во споредба со другите типови на какао.
Затоа внимавајте при купувањето и избирајте само 100 % какао.

Wednesday, September 9, 2015

Колач од банана и овес засладен со стевија

За овој колач потребни ви се:

- 1/2 шоља јаболково пире
- 2 поголеми банани
- 2 белки од јајца
- 3 шољи овес
- 1 лажица стевија
- 1/2 шоља млеко
- 1/3 шоља растително масло
- 1/2 лажиче цимет
- 1/2 лажиче морско оревче ( по желба)
- 1/2 лажиче какао
- 1/2 лажиче сол
- 2 лажички прашок за печење
- 1 лажичка сода бикарбона

Јаболковото пире може да го добиете со миксирање на јаболката во блендер или супер сецко.
Овесот треба да се сомеле ситно во вид на брашно.
Наместо обично млеко, добро би било да употребите бадемово млеко.

Подготовка:

Во сад згмечете ги бананите со помош на виљушка, додадете го и јаболковото пире и измешајте ги заедно.
Во посебен сад измешајте ги овесот, циметот, какаото, морското оревче,солта, пецивото и сода бикарбоната.
Во трет сад измешајте го млекото, маслото, стевијата и белките од јајца. Добро промешајте. Потоа во овој сад додадете ги јаболковото пире и бананите, промешајте па на крај додадете ги и сувите состојки. Измешајте се заедно па смесата префрлете ја во обложено тавче за печење.
Печете 30-тина минути на 200 Ц степени.




Recipe posted at http://www.simplyLanna.com/banana-oat...

Thursday, September 3, 2015

Стевија

Стевијата е природен засладувач кој не содржи калории па главно заради тоа е најпопуларен меѓу производите од овој вид.

Меѓутоа, стевијата има и многу други својства поради кои треба да ја користиме доколку се грижиме за здрав начин на исхрана.


Стевијата е скоро потполно од природно потекло. Послатка е од шеќерот за 200 до 300 пати, а не содржи калории. Досега нема покажано негативни својства, така да е потполно безбедна за здравјето. Содржи доста важни нутритиенти како калиум, калциум, хром, железо, магнезиум, белковини, бета каротени, полифеноли, танини и здрави масти.

За разлика од шеќерот не предизвикува кариес и го спречува создавањето на забен плак.

Стевијата го намалува нивото на шеќер во крвта и не влијае на инсулинот заради што е добар избор за дијабетичарите. Го намалува високиот крвен притисок, го намалува чувството за глад и го подобрува варењето на храната.

Стевијата го спречува размножувањето на штетните бактерии и вируси, па поради тоа помага во борбата против настинки, грип и инфекции на устата.

Некои најнови испитувања покажуваат дека стевијата учествува и во спречување на настанувањето на канцер.

Предноста на стевијата во однос на другите засладувачи е и тоа што нејзините молекули не се распаѓаат на температури и до 200 степени, па заради тоа е погодна за готвење и правење на колачи.

Инаку стевијата се добива од растението кое се вика Stevia rebaudiana, кое по природен пат се одгледува во Бразил и Парагвај. Таму со илјадници години стевијата се употребувала за засладување на храната, лечење на изгореници и проблеми со желудникот.

Во Парагвај уште пред стотина години го користеле сокот добиен од растението за побрзо зараснување на раните.Интересно својство на растението е и дека влијае на регенерација на кожата па се користи и за спречување да настанат лузни,против дерматитис, себореја,екцема...

При крајот на 19 век, стевијата е пренесена и во останатите делови на светот.

Иако во Јапонија стевијата е во продажба повеќе од 40 години, производите со стевија се одобрени како адитиви во храната во 2008 година во САД и од 2011 во ЕУ.