Бананите со својот богат, кремаст и сладок вкус се омилена храна како на децата, така и на возрасните.
Покрај тоа што се многу вкусни, бананите се добар извор на витамини, минерали и диетални влакна.
Една средна банана има 105 калории, а содржи натриум, калиум,вит. Ц, вит. А, железо, вит. Б 6, магнезиум и е богата со диетални влакна.
Секојдневното консумирање на банани има повеќе здравствени придобивки.
- Јадењето банани придонесува за добро кардиоваскуларно здравје.
Бананите се богат извор на калиум-минерал кој е важен за одржување на нормален крвен притисок и нормална срцева акција. Поради тоа што содржат стероли, бананите ја спречуваат апсорпцијата на холестерол од храната и спречуваат појава на висок холестерол во крвта.
- Бананите помагаат во спречување на депресија
Содржат високо ниво на триптофан, кој преминува во серотонин-хормон на среќата.
- Јадењето банана пред физичка работа дава енергија и го одржува нивото на шеќер во крвта
- Спречува грчеви на мускулите за време на вежбањето или во тек на ноќта.
- Бананите го зајакнуваат нервниот систем и помагаат во продукција на бели крвни зрнца заради високата содржина на вит. Б 6 во својот состав.
- Ја зајакнуваат крвта и се борат против анемијата поради тоа што содржат железо.
- Бананите, заради богатството на пектин, ја помагаат дигестијата и ги врзуваат токсините и тешките метали од телото.
- Бананите дејствуваат како пробиотик и го стимулираат растењето на добри бактерии во цревата.
- Помагаат да се обноват изгубените електролити после дијареа и повраќање.
- Даваат олеснување при желудочни киселини бидејќи формираат заштитен слој во желудникот кој штити од киселини.
- Јадењето банани помага во превенција на канцер на бубрезите, ги штити очите од макуларна дегенерација и ги зајакнува коските со тоа што ја зголемува апсорпцијата на калциум.
- Бананите се богати со антиоксиданси, па даваат заштита од слободните радикали и хроничните болести.
- Јадењето банана помеѓу оброци овозможува да се стабилизира шеќерот во крвта.
Затоа овозможете си вкусна ужина и јадете по една банана секој ден.

No comments:
Post a Comment