Monday, September 14, 2015

Кокосово масло

Со години се сметало дека внесувањето на масти е штетно за организмот. Луѓето ги прифатиле нискомасните диети, а мастите асоцирале на пржена храна и лошо здравје. Мастите исто така се сметале и за непријатели на нега на кожата. Масната кожа се поврзувала со акни, па луѓето избегнувале користење на масла за нега на кожата со цел да се избегне појавата на акни.Меѓутоа постојат масла кои се здрави за внатрешна и надворешна употреба. Едно од тие масла е и кокосовото масло.


Кокосовото масло екстрахирано од свеж кокос, наместо вообичаените масни киселини со долг ланец, содржи дури до 70 - 85 %  масни киселини со среден ланец. Карактеристика на овие масни киселини е тоа што тие не се складираат во масно ткиво, туку директно преминуваат во црниот дроб и се претвораат во енергија. Заради таа карактеристика кокосовото масло го преферираат луѓето кои пазат на својата линија и ова масло се рекламира како чувар на витката линија.

Средноланчаните масни киселини брзо се апсорбираат во тенкото црево поради што се лесно сварливи и погодни за особи кои имаат проблеми со варењето на храната и метаболички болести.

 Овие масни киселини имаат способност да делуваат против бактерии, вируси и габички.

Бројните истражувања покажале дека кокосовото масло има не само антивирусно и антибактериско дејство туку и антиканцерогено. Се користи и како помош при лечење на низа заболувања :

 - кожни болести и рани
 - артритис и реума
 - опаѓање на косата
 - болести на гингивата
 - цревни паразити
 - вирусни, бактериски и габични инфекции
 - дијабет
 - ослабен имунитет
 - хроничен умор
 - мигрена
 - депресија
 - ослабена концентрација и памтење
 - паркинсонова болест
 - намалување на холестеролот

Кокосовото масло на пазарот може да се најде како рафинирано и нерафинирано. Постои и трет хидрогениран облик кој треба да се избегнува во исхраната заради присуството на транс масни киселини кои се создаваат во процесот на хидрогенација.

Најквалитетно е нерафинираното ладно цедено кокосово масло.

Кокосовото масло исто како и другите масла може да се користи за пржење и печење на зеленчук, месо и риба, но во припремената храна присутен е вкусот на кокос. Исто така кокосовото масло може да се искористи при припремање на колачи наместо путер и маргарин, а со него може да се збогати и утринската овесна каша или некое овошно smoothie.

No comments:

Post a Comment