Thursday, September 10, 2015

Какао

Какаото е дрвенесто растение кое расти од 4-8 метри во височина со потекло од тропските делови на Америка. Плодот на какаото содржи 30 - 45 зрна од кои, кога ќе созреат, се екстрахира какаово масло, а со нивно мелење се добива какаов прав.

Какаото претставува "супер храна" и се смета дека е едно од чудата на природата.

Какаото содржи поголема концентрација на антиоксиданси од било која друга храна.
Суровото зрно на какаото содржи 14 пати повеќе антиоксиданси од црвеното вино и 21 пат повеќе од зелениот чај.

Исто така содржи голема количина на магнезиум, и значителна количина на железо, бакар, цинк, манган, фосфор, калиум, калциум, омега 6 и други есенцијални масни киселини.

Заради ова, консумирањето на какао има значителни бенефиции за човековото здравје.

Поради високото присуство на флавоноиди, силни антиоксиданси, какаото помага во превенција на срцевите заболувања.
Ги обновува крвните жили и ја одржува нивната функција.
Лицата кои пијат 2 пати дневно какао, го намалуваат систоличкиот крвен притисок, кој е и еден од главните виновници за инфаркт и срцеви заболувања.
Со помош на какаото може да се ослободите и од мигрената.

Одличен извор е на железо, а покрај тоа го регулира и нивото на холестерол и шеќер во организмот.
Го поттикнува помнењето и ја подобрува концентрацијата. Американските истражувања покажуваат дека редовното консумирање какао, ја забрзува циркулацијата и дотурот на крв во мозокот, со што се спречува деменцијата и опасноста од мозочен удар.
Какаото е познато како билка која го намалува стресот и депресијата.
Ја омекнува кожата и со тоа го успорува процесот на стареење.
Покрај тоа, какаото е и силен афродизијак.

Сепак, не секое какао се произведува еднакво.Повеќето производи на какао прав кои се продаваат во нашите продавници содржат од 5 - 20 % какао, а останатото е шеќер и адитиви.



Суровото какао содржи максимално количество на нутритивни вредности во споредба со другите типови на какао.
Затоа внимавајте при купувањето и избирајте само 100 % какао.

No comments:

Post a Comment