Thursday, September 3, 2015

Стевија

Стевијата е природен засладувач кој не содржи калории па главно заради тоа е најпопуларен меѓу производите од овој вид.

Меѓутоа, стевијата има и многу други својства поради кои треба да ја користиме доколку се грижиме за здрав начин на исхрана.


Стевијата е скоро потполно од природно потекло. Послатка е од шеќерот за 200 до 300 пати, а не содржи калории. Досега нема покажано негативни својства, така да е потполно безбедна за здравјето. Содржи доста важни нутритиенти како калиум, калциум, хром, железо, магнезиум, белковини, бета каротени, полифеноли, танини и здрави масти.

За разлика од шеќерот не предизвикува кариес и го спречува создавањето на забен плак.

Стевијата го намалува нивото на шеќер во крвта и не влијае на инсулинот заради што е добар избор за дијабетичарите. Го намалува високиот крвен притисок, го намалува чувството за глад и го подобрува варењето на храната.

Стевијата го спречува размножувањето на штетните бактерии и вируси, па поради тоа помага во борбата против настинки, грип и инфекции на устата.

Некои најнови испитувања покажуваат дека стевијата учествува и во спречување на настанувањето на канцер.

Предноста на стевијата во однос на другите засладувачи е и тоа што нејзините молекули не се распаѓаат на температури и до 200 степени, па заради тоа е погодна за готвење и правење на колачи.

Инаку стевијата се добива од растението кое се вика Stevia rebaudiana, кое по природен пат се одгледува во Бразил и Парагвај. Таму со илјадници години стевијата се употребувала за засладување на храната, лечење на изгореници и проблеми со желудникот.

Во Парагвај уште пред стотина години го користеле сокот добиен од растението за побрзо зараснување на раните.Интересно својство на растението е и дека влијае на регенерација на кожата па се користи и за спречување да настанат лузни,против дерматитис, себореја,екцема...

При крајот на 19 век, стевијата е пренесена и во останатите делови на светот.

Иако во Јапонија стевијата е во продажба повеќе од 40 години, производите со стевија се одобрени како адитиви во храната во 2008 година во САД и од 2011 во ЕУ.

No comments:

Post a Comment